Hyundai го претстави спортскиот i30 Fastback во N-изведба со 250 или 275 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai го претстави спортскиот i30 Fastback во N-изведба со 250 или 275 коњски сили!

Исто како и обичниот хечбек, и Fastback изведбата на i30 доби моќна N изведба – и под поклопецот се крие истиот мотор кој испорачува 250 или 275 коњски сили.

Hyundai направи интересен подвиг за промоција на i30 Fastback N – направи трка од Рим до Париз. Но ќе згрешите ако мислите дека трката била меѓу главните градови на Италија и Франција – трката беше меѓу две дански села кои се викаат Рим и Париз, а на возачот Gabriele Tarquini му беа потребни 8 минути, 18 секунди и 49 стотинки да ја помине дистанцата.

Под поклопецот се крие 2-литарски T-GDI турбо-бензинец кој испорачува 250 коњски сили, односно 275 коњски сили ако ја изберете Performance верзијата. Во обете изведби моторот испорачува 353 Nm вртежен момент, односно 378 Nm вртежен момент во Overboost функцијата. На автомобилот му требаат 6.4 секунди да постигне 100 километри на час.

Инаку, дизајнерски, кај i30 Fastback N ќе ги препознате истите детали како кај обичниот i30 N – поагресивни браници, заден спојлер, големи тркала и големи сопирачки. Истите N-елементи се проткајуваат и во внатрешноста, но кабината кај Fastback изведбата е попрактична заради големата петта врата и багажниот простор од 450 литри.

Се очекува продажбата да започне наскоро.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.