Први фотографии од ентериерот на Škoda Kodiaq RS – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први фотографии од ентериерот на Škoda Kodiaq RS

Првиот SUV на Skoda кој ќе ја носи ознаката RS е токму големиот Kodiaq, а Škoda денес за прв пат го покажа ентериерот на спортскиот теренец.

Škoda Kodiaq RS ќе биде претставен за само една седмица, но веќе ги имаме првите фотографии од ентериерот. По она што можеме да го видиме на објавените фотографии, Kodiaq RS ќе има многу спортски детали и во кабината.

Можеме да видиме дека голем дел од кабината ќе биде обвиен во алкантара. Седиштата ќе имаат одлична странична поддршка, а управувачот е спортски дизајниран, со зарамнето дно и обвиен во перфорирана кожа. Ни се допаѓаат и деталите во карбонски дизајн, а и алуминиумските педали и црниот материјал со кој е обвиен кровот – сето ова дава чувство на спортски дух и ги нагласува перформансите.

А перформансите се очекува да бидат одлични – Kodiaq веќе го држи рекордот за најбрз SUV со седум седишта на Nurburgring, кој го помина за 9 минути и 29.84 секунди. Под поклопецот ќе се вградува 2-литарскиот Bi-TDI турбодизел кој испорачува 236 коњски сили и 500 Nm вртежен момент (кој имавме можност да го пробаме во тековната генерација на Passat) – па очекуваме интересни перформанси кога Kodiaq RS ќе биде официјално претставен.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.