Mercedes-AMG го претстави својот Бејби-Бенз: Премиера на Mercedes-AMG A35 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG го претстави својот Бејби-Бенз: Премиера на Mercedes-AMG A35

Mercedes-AMG ја претстави првата AMG-изведба на новата A Class – под поклопецот се крие 2-литарски турбо бензинец со 306 коњски сили и 400 Nm вртежен момент!

Новиот „основен“ Mercedes-AMG A35 е придвижуван од 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 306 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува кон подлогата преку стандарден 4Matic погон на сите четири тркала и автоматски менувач со двојна спојка. Благодарение на оваа комбинација, германскиот хот хеч забрзува до 100 километри на час за 4.7 секунди и постигнува максимални 250 километри на час.

Понатаму во понудата ќе биде додадена уште најмалку една варијанта која ќе ја носи ознаката A45 AMG, и се очекуваа таа верзија да располага со околу (па и повеќе од) 400 коњски сили.

Mercedes-AMG A35 добива дополнително зајакнување на шасијата, поголеми сопирачки, спортски бодикит и очекувано-големи тркала. Инженерите на Mercedes-AMG додале и AMG Ride Control суспензија која користи супер-лесни компоненти, а управувањето е доработено во согласност на очекувањата на купувачите на AMG – има дури и Slipper режим за AMG Dynamic Drive Select системот.

 

Премиерата е закажана за Саемот на Автомобили во Париз, а продажбата ќе започне кон крајот на Октомври.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.