Renault го освежи Kadjar и му даде нов 1.3-литарски турбо-бензинец – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault го освежи Kadjar и му даде нов 1.3-литарски турбо-бензинец

Renault има навистина силен играч со Kadjar, па токму затоа реши да ги зајакне неговите квалитети и да го направи уште попривлечен.

Најважниот новитет кај освежениот Kadjar доаѓа во форма на нов 1.3-литерски турбо-бенззинец развиен во соработка со Daimler. Моторот веќе се нуди кај Scenic, Captur и Megane, и може да се добие со 140 или 160 коњски сили, и во комбинација со мануелен или автоматски менувач.

Освежување добива и добро-познатиот 1.5-литарски dCi турбодизел кој покрај тоа што е почист, истовремено е и помоќен. Сега има 115 коњски сили и 260 Nm вртежен момент и може да се добие со шест-степен мануелен менувач, но понатаму ќе се нуди и со седум-брзински автоматски менувач.

Ниту екстериерот не заборавен, па Kadjar добива редизајнирани преден и заден дел, со поголеми отвори за воздух, редизајнирани браници и хромирани детали. Kadjar сега ги има истите препознатливи дневни светла кои се дел од предните светлечки групи. Дел од измените на надворешноста се и три нови бои – Oural Green, Iron Blue и Highland Grey, како и нови дизајни за алуминиумските фелни.

Освежувања се подготвени и за кабината – во ентериерот купувачите ќе добијат нов 7-инчен мултимедијален уред во форма на R-Link 2 инфозабавниот систем. Преработени се и контролите за клима уредот, а освежување добиваат и отворите за вентилација, централната конзола и уште многу ситници. Како дел од пакетот освежувања во ентериерот, Kadjar добива и нови седишта, USB приклучоци за задната клупа и уште неколку други ситници.

Официјалната премиера ќе биде во Париз, а продажбата се очекува да започне до крајот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.