Германскиот магазин Auto Zeitung го прогласи првиот SUV на Alfa Romeo за SUV на Годината!
Наградата за SUV на Годината Auto Zeitung ја доделува за прв пат оваа година, и во конкуренција се најдоа модели од 11 различни брендови. Меѓу нив беа Lamborghini Urus, Bentley Bentayga V8, Porsche Cayenne Turbo, Maserati Levante S Q4 и уште неколку други модели. Според Auto Zeitung, Stelvio Quadrifoglio успеа благодарение на динамичноста и управувањeто.
Најважниот додаток тука е додатокот Quadrifoglio – односно детелинката со четири листа. Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio е SUV со високи перформанси кој според италијанскиот бренд не припаѓа во ниту една конвенционална категорија. Благодарение на 2.9-литарскиот би-турбо V6 има на располагање 510 коњски сили, забрзува „до стотка“ за 3.8 секунди и може да постигне максимални 283 километри на час. Колку за потсетување, Stelvio ја дели платформата со одличниот седан Giulia. Ние минатата година имавме можност да ги возиме како Giulia, така и Stelvio.
Луѓето од Alfa Romeo се горди на врвните технологии кои се вградуваат во Stelvio – од Q4 системот за погон на сите четири тркала, преку Alfa Active Torque Vectoring, па сè до Alfa Active Suspension и Chassis Domain Control системот.
Честитаме за титулата!