ПРЕМИЕРА: Audi PB18 E-Tron Concept – Иднината на автомобилските ентузијасти! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi PB18 E-Tron Concept – Иднината на автомобилските ентузијасти!

Audi подготви специјално изненадување за вљубениците во возењето – во време кога сè повеќе слушаме за само-возечки автомобили, германскиот производител подготви електричен автомобил наменет за оние кои сакаат самите да возат!

PB18 E-Tron е концепт за спортски автомобил на електричен погон наменет да понуди возбуда во возењето. Автомобилот користи три електромотори – напред има еден мотор кој испорачува 201 коњска сила, додека на задните тркала се поставени уште два за уште 604 коњски сили. При регуларно возење системската моќност е 671 коњска сила и 830 Nm вртежен момент, но во кратки интервали силата може да порасне на 764 коњски сили. Резултат? На концептот му се потребни малку повеќе од 2 секунди да постигне 100 километри на час.

Автомобилот има напреден систем за полнење на батериите при сопирање – всушност, електромоторите се задолжени за сопирање во услови на споро возење и во одредени ситуации на сопирање. Батеријата е со капацитет од 95 kWh и нуди автономија од преку 500 километри со едно полнење, и тоа според новите WLTP стандарди. Автомобилот дозволува брзо полнење и може да се наполни за само 15 минути. Дополнително, вграден е и систем за безжично полнење.

Во кабината возачот може да избере дали сака конфигурација со едно или две седишта. Да бидеме себични?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.