Неполна година по лансирањето, компактниот SUV на Citroën може да се пофали дека е продаден во повеќе од 100.000 примероци.
Компактниот SUV на Citroën – новиот C3 Aircross се покажува како навистина популарен. Неполна година, односно 10 месеци по лансирањето е продаден во 100.000 примероци, а дури 70.000 примероци се продадени оваа година. Интересно е што C3 Aircross е втор најпродаван модел на Citroën – единствен попопуларен модел на францускиот бренд е новиот C3.
Ние веќе го возевме Citroën C3 Aircross, како и одличниот Citroën C3.
Но добрите вести кај Citroën не завршуваат таму – луѓето од Citroën се фалат дека во првата половина од оваа година глобалната продажба на францускиот бренд е зголемена за дури 9% во однос на истиот период минатата година, и дека купувачите се подготвени да ги персонализираат своите возила.
Всушност, за тоа зборуваат и интересните статистики кај C3 Aircross – дури 50% од купувачите го одбрале врвното ниво на опрема кое се вика Shine, 35% од купувачите одбрале еден од четирите „амбиентални“ опции за ентериерот, 25% од купувачите одбрале двобоен кров и 30% одбрале Colour пакет кој вклучува контрастни бои за кровните носачи, украсите околу предните светла и страничните ретровизори.
Наши тестови: