Ново истражување направено во САД кажува дека SUV моделите се значително поопасни по животите на пешаците од обичните автомобили!
Според истражувањето направено од страна на Detroit Free Press и USA Today Network, SUV моделите и популарните-во-Америка „Камиони“ се два до три пати поопасни по животите на пешаците. Дополнително, според нив – државните институции веќе со години знаат за ова, но „направиле многу малку за да ја намалат смртноста и да ја запознаат јавноста со опасностите.“
Статистиките за смрност во Америка кажуваат дека на смртноста кај пешаците е зголемена за дури 46% од 2009-тата година па наваму, и дека токму SUV моделите се виновни за ова зголемување. Според статистиките, околу 6000 пешаци гинат годишно на американските улици. Секако, најголем број од несаканите случки се случуваат во големите градови – најнебезбеден е Детроит, а меѓу другите најнебезбедни градови се истакнуваат Њуарк, Мајами, Тампа, Сент Луис и Феникс.
Истражувањето ова го објаснува со повисокиот преден дел кај SUV моделите – контактот кој пешакот ќе го има со возилото во случај на незгода е поопасен и посмртоносен. Сепак, не се обвинуваат само возилата – истражувањето зема во предвид и други фактори. Се истакнуваат алкохолизираност кај пешаците, невнимание заради користење мобилен телефон при одење, и слични ситуации.
Во секој случај, ова е интересно истражување. Со растечката популарност на разно-разните SUV модели, дали е ова еден нус-ефект кој производителите не го размислиле доволно?