Најмалиот кросовер на Volkswagen ќе биде лансиран до крајот на оваа година – но Volkswagen веќе го промовира T-Cross!
Според она што е најавено, T-Cross ќе се нуди со многуте мотори кои Volkswagen групацијата ги нуди – а тоа значи неколку различни турбо-бензинци и турбодизели со капацитет од 1 до 2 литри и меѓу 100 и 200 коњски сили, во зависност од моторот кој ќе го одберете.
Новиот кросовер на Volkswagen ќе се бори со етаблираните конкуренти, како што се Peugeot 2008, Nissan June, Renault Captur и многу други. Продажбата на ваквите модели е во константен пораст, па се очекува и T-Cross да биде популарен меѓу купувачите.