Наскоро мобилниот телефон ќе го користите како клуч за вашиот автомобил – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наскоро мобилниот телефон ќе го користите како клуч за вашиот автомобил

Производителите на автомобили и хај-тек компании се обединија позади заедничка платформа за дигитализација на пристапот во вашиот автомобил.

Производителите на автомобили заедно со неколку тек-компании го основаа Car Connectivity Consortium и веќе ја објавија спецификацијата со име Digital Key 1.0. Како што кажуваат од CCC, со развивање на оваа спецификација се креира „робустен екосистем околу користење на интероперабилни дигитални клучеви кои им овозможуваат на возачите да ги отклучуваат и заклучуваат возилата, да го стартуваат моторот и да споделат пристап до нивното возило – сето тоа преку паметни уреди.“

Спецификацијата е базирана врз NFC (Near Field Communication) технологијата – истата технологија која се користи за дигитализација на платежни картички и користење на мобилните телефони како платежна картичка. Според нив, со „искористување на ограничувањето на дистанцата кое го нуди NFC и директна врска со безбедносниот елемент на уредот“ можат да бидат сигурни дека технологијата ќе биде екстремно безбедна.

Во моментов на развојот на овие технологии работат производителите на мобилни уреди, меѓу кои Apple, LG, Samsung, Quallcomm и Panasonic, а од страната на производителите на автомобили се вклучени Audi, BMW, General Motors, Hyundai и Volkswagen. Од BMW кои веќе најавија дека со Digital Key 2.0 тие ќе посветат значително повеќе ресурси на интеграција на платформата во нивните автомобили.

Digital Key 2.0 спецификацијата се очекува да биде готова до почетокот на следната година, а широката прифатеност би требало значително да ги намали трошоците. Групата веќе брои повеќе од 70 членови и надминува повеќе од 70% од глобалниот автомобилски пазар. Сето ова значи дека можноста да го отклучите и заклучите вашиот следен автомобил преку мобилен телефон е поблиску отколку што мислите.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.