Aston Martin „ќари“ дизајнер од Volkswagen – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin „ќари“ дизајнер од Volkswagen

Британскиот бренд објави нов шеф за дизајн на екстериери ќе биде Tobias Sühlmann – човекот кој во рамките на Volkswagen групацијата ги потпиша Arteon, новиот Touareg и други автомобили на групацијата, но беше на чело на дизајн и на Bugatti!

Како шеф за дизајн на екстериери, Tobias Sühlmann ќе има интересна задача – да го предводи Aston Martin во следните неколку години додека британскиот бренд расте и ќе ја зголеми гамата како со SUV, така и со нов модел со средно-поставен мотор.

Tobias Sühlmann има интересно портфолио во Volkswagen групацијата, каде беше и своевиден ветеран. Неговото име стои на Arteon, но и на новиот Touareg, а минатата година беше назначен за главен за дизајн на екстериери во Bugatti. Sühlmann на позицијата на Miles Nurnberger кој сега е дизајн директор во Aston Martin, a обајцата директно одговараат пред креативниот директор – Marek Reichmann.

Sühlmann ќе има полни раце работа – Aston Martin планира да претстави седум нови модели за седум години. Два модели веќе пристигнаа – новиот DB11, како и новиот Vantage. Се очекува влијанието на Tobias Sühlmann да биде најголемо кај новиот хипер-автомобил на брендот кој ќе се бори со Ferrari и McLaren.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.