Овогодинешниот Worthersee започнува со концептите на практикантите во VW – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Овогодинешниот Worthersee започнува со концептите на практикантите во VW

Практикантите во Volkswagen подготвија два концепти за овогодинешниот Worthersee – едниот е 400-коњски Golf GTI, а другиот е караван со погон на метан.

Овогодинешниот Worthersee GTI Treffen е во полн ек! Фестивалот на кој се слави легендарниот Golf GTI, но и сите други модели и брендови на Volkswagen групацијата оваа година започнува со два концепти изработени од практикантните во Volkswagen.

Првиот концепт е супер-спортски Golf GTI кој прикладно се вика Golf GTI Next Level. Хечбекот носи бодикит со потекло од Volkswagen Accessories, 20-инчни ковани тркала од Audi R8, Bilstein суспензија и многу, многу доработки кои го прават уникатен. Задните седишта се извадени и на нивно место е вграден премиум аудио уред со 3D-испечатени кутии, кои кријат вкупно 2840 вати, како и голем телевизор на кој може да се играат видео-игри. За задвижување е задолжен сериозно преработен мотор кој има ковани клипови и поголем турбополнач. Резултат на ова се 411 коњски сили и 511 Nm вртежен момент!

Вториот концепт е караван кој е придвижуван од 1.5-литарски мотор кој испорачува 131 коњска сила. Она што е интересно е дека ова е всушност Golf Alltrack поставен на 20-инчни тркала, а носи и Thule кровен куфер и многу, многу други детали – боите на пример, потекнуваат од Bentley. Во багажниот простор има специјално седиште кое дозволува патниците да седат во багажникот и да уживаат во погледот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.