На само неколку дена пред официјалната премиера на Ultimate Luxury Concept во Пекинг, Mercedes-Maybach ги објави првите фотографии од несекојдневниот концепт.
Од она што можеме да го видиме на фотографии, концептот за ултимативното луксузно возило на Maybach е некаков хибрид меѓу SUV и голем седан. Дизајнот е инсприран од (прекрасните) Vision 6 концепти на брендот, но интерпретацијата е повеќе од несекојдневна.
Фотографии кои ни доаѓаат директно од Mercedes-Benz прикажуваат и дел од ентериерот – а за него е користена комбинација од супер-квалитетна кожа, дрво и многу, многу хромирани детали. Во задниот дел има две издвоени седишта – детал кој сугерира дека тука навистина се работи за супер-луксузен автомобил.
Сега за сега не знаеме што ќе го придвижува Mercedes-Maybach Ultimate Luxury Concept, но не би биле изненадени доколку некаков хибриден погон влезе во игра – сепак трендовите се движат во таа насока.