„Протекоа“ фотографии и податоци за BMW M2 Competition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

„Протекоа“ фотографии и податоци за BMW M2 Competition

Најмалиот член на М-семејството ќе го добие моторот од М4 – а тоа значи повеќе сила, но и нијанса повеќе тежина.

Според податоци објавени онлајн на Bimmerpost, а кои потекнуваат од британскиот EVO магазин, M2 Competition ќе го добие S55 моторот кој потекнува од М3 и М4. Што значи тоа? Тоа значи 410 коњски сили и 550 Nm вртежен момент – зголемување за 40 коњски сили и 50 Nm вртежен момент.

Опремен со мануелниот менувач, M2 Competition ќе може да забрза до стотка за само 4.4 секунди, а ќе се нуди и 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка, кој го крати тоа време на 4.2 секунди. Максималната брзина ќе остане ограничена на 250 километри на час, секако.

Новиот мотор со себе носи и малку зголемена тежина – M2 Competition ќе тежи 1550 килограми – околу 50 килограми повеќе од стандардниот M2. Сепак, да бидеме искрени – зголемувањето на тежината е незначително. Купувачите ќе добијат и редизајнирани браници, 19-инчни тркала обвиени во Michelin Pilot Super Sport пневматици, подобрени сопирачки и уште многу, многу други додатоци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.