Како и секоја година, така и оваа, практикантите во Skoda подготвуваат некаков интересен концепт базиран врз постоечки модел – а оваа година ќе видиме Karoq Cabriolet!
Karoq Cabriolet ќе остане само концепт, и најверојатно никогаш нема да видиме ваков автомобил во сериско производство – но концептот кој го подготвуваат талентираните практиканти во Skoda ќе биде претставен во Јуни.
Практикантите – кои имаат по 17, 18 и 20 години – доаѓаат од седум различни оддели во Skoda, а нивната задача била да му дадат нов карактер на Karoq со тоа што ќе го трансформираат во кабриолет. Сега за сега нема многу детали – имаме само скица и неколку фотографии од процесот на модифицирање на постоечки автомобил, но наскоро ќе дознаеме повеќе.
Најверојатно Karoq Cabriolet ќе има платнен кров, а сосем е можно покрај задните врати, концептот да ги „изгуби“ и задните седишта.