Нашите пријатели од Peugeot ве покануваат да се запознаете со нивната SUV гама во City Mall – и да ги видите новите 3008, 5008 и неодамна-освежениот 2008!
SUV гамата на Peugeot се одликува со својата елегантна но истовремено и моќна и робустна силуета со моќен преден дел, мачкаст изглед, флуидни и динамични линии, дополнително нагласени со хромирани детали и целосно уникатен и единствен дизајн со LED светлата на задниот дел во форма на 3 лавовски канџи.
Од Peugeot Ве повикуваат да ги проширите границите на истражувањето – со највисока технологија. Влезете во сосема нова димензија и откријте го новиот 100% дигитален универзум.
Почнувајќи од денес – 12-ти Април – па во наредните 7 дена ќе имате можност подобро да ги запознаете овие моќни и робустни SUV силуети со нивниот уникатен внатрешен и надворешен дизајн.
Секој заинтересиран ќе има можност да добие соодветна понуда по моментална акциска цена која вклучува и 5 години гаранција како и 5 години бесплатно одржување. Во меѓувреме – прочитајте го нашиот тест на освежениот 2008, европскиот автомобил на годината за 2017 – Peugeot 3008, како и големиот 5008 кој ексклузивно го возевме минатата година во Лисабон.
Извор: PR Peugeot