За само 406 евра, Lada ќе ја офарба вашата Lada Niva во Camo финиш – и со тоа легендарниот руски теренец ќе изгледа барем неколку пати подобро!
Lada Niva е на пазарот од 1977-ма година (нешто повеќе од 40 години) и рецептот е скоро непроменет – но тоа ја прави вистински легендарна. Да, Lada Niva доби неколку освежувања низ годините, но во суштина, нејзиниот советски шарм е неизбежен, највеќе заради задржаната форма и истите (едноставни, но функционални) технологии.
Сепак, производителот одлучи да понуди нешто ново за 2018, и тоа доаѓа во форма на она што го гледаме – уникатна комбинација на Camo бои кои според Lada се „брутални“ и „воинствени“. Основата е црна, а двете нијани на зелена боја се нанесени врз неа, а сликата ја дополнуваат алуминиумски тркала и црни дискови за сопирачките.
Драстично? Секако дека не, тоа не би било во духот на Lada Niva. Но морате да признаете – изгледа навистина кул!