Citroen го освежи својот најмал автомобил – компактниот C1 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroen го освежи својот најмал автомобил – компактниот C1

Францускиот производител подготви освежување за својот најмал автомобил – а промените доаѓаат во форма на две специјални изведби, ревидиран мотор и нови можности за персонализација.

Новиот 1-литарски бензинец со три цилиндри доаѓа од Toyota – и сега нуди 72 коњски сили – 4 коњски сили повеќе од порано. Но она што е уште поважно е дека моторот ги исполнува EURO 6.2 стандардите за емисија на штетни гасови – идеално за автомобил кој примарно би се користел во градски услови. Моторот ќе може да се комбинира со автоматски или мануелен менувач, а Citroen C1 може да се добие во дури 32 различни комбинации на бои.

Дополнително, Citroen C1 добива MirrorLink со Android Auto и Apple CarPlay благодарение на новиот 7-инчен мултимедијален уред, а може да се добие и паркинг камера, препознавање на ограничувањето на брзината, системи за активна безбедност и уште многу други ситници.

Според Citroen, двете специјални верзии се наменети за помладите купувачи. Тие се викаат Urban Ride и ELLE. Обете верзии веќе може да се нарачаат – специјалните верзии ги карактеризира многу дополнителна опрема и специјални додатоци – Urban Ride добива црни странични ретровизори, затемнети прозорци, 15-инчни тркала и ќе може да се добие во пет различни бои. ELLE изведбата ја слави соработката на Citroen со легендарниот ELLE магазин, и добива уникатни бои, специјални значки и уникатни 15-инчни тркала.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.