Премиера: Opel ја претстави новата Corsa GSi! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Opel ја претстави новата Corsa GSi!

Opel ја воскреснува Corsa GSi – но не објавува податоци околу моторот кој ќе биде поставен под поклопецот.

Иако не се објавени конкретни информации, со Corsa GSi германскиот бренд сака да понуди забава зад управувачот како кај Corsa OPC. GSi-верзијата добива редизајнирани браници со поголеми отвори за воздух и нова  маска на ладилникот, детали од карбон, проширени крила, голем заден спојлер и хромиран завршеток на издувниот систем. Листата на визуелни измени ја комплетираат големите 18-инчни тркала и истата суспензија и сопирачки како кај Corsa OPC.

Дополнително, Corsa GSi добива и алуминиумски педали и други спортски детали во кабината, а во опремата се вбројува и Opel IntelliLink системот кој поддржува Android Auto и Apple CarPlay.

Интересно, од Opel кажуваат дека сите детали околу моторизацијата на Corsa GSi ќе бидат објавени во текот на годината. Дали ова значи дека Corsa GSi ќе ја замени Corsa OPC, или пак ќе биде сосем нов модел во гамата – останува да видиме.

ИСПРАВКА: Погрешно наведовме дека по 25 години се враќа Opel Corsa GSi. По 25 години се враќа британската верзија – Vauxhall Corsa GSi. Се извинуваме за ненамерната грешка. :)



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.