Женева 2018: Премиера на Lamborghini Huracan Performante Spyder – 640 коњски сили и сиот простор за главата на светот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2018: Премиера на Lamborghini Huracan Performante Spyder – 640 коњски сили и сиот простор за главата на светот!

Новиот Huracan Performante Spyder не е наменет за оние кои сакаат да останат незабележани. Баш напротив – со кабриолет со 640 коњски сили ќе ве видат сите!


Изграден врз основа на Huracan Performante, новиот Spyder го користи истиот 5.2-литарски V10 кој испорачува 640 коњски сили и 600 Nm вртежен момент – 30 коњски сили и 30 Nm повеќе од „обичниот“ Huracan.

Благодарение на врескачкиот атмосферец, забрзувањето до 100 километри на час трае 3.1 секунда, а максималната брзина е сосем прифатливи 325 километри на час. Но она што е поважно, е дека платнениот кров се отвора за само 17 секунди, а вие ќе можете да уживате во сите тие перформанси под отворено небо.

Исто како и Huracan Performante, и отворената верзија добива доработена суспензија, подиректно управување, рекалибрирани системи за стабилност и уште многу, многу повеќе. Системот за одбирање режим на возење ги нуди режимите Strada, Sport и Corsa.

Доколку сакате, веќе можете да го нарачате вашиот Lamborghini Huracan Performante Spyder – цените започнуваат од 219.585 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.