Женева 2018: Европска премиера на Ford Mustang Bullitt! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2018: Европска премиера на Ford Mustang Bullitt!

Еден од најмоќните примери за американскиот дух е токму Ford Mustang – а најновата, и можеби најинтересна верзија тукушто ја доживеа својата европска премиера!

Еднаш веќе пишувавме за Mustang Bullitt, но ќе ја искористиме неговата европска премиера на саемот на автомобили во Женева за повторно да го спомнеме.

Европската верзија има 465 наместо 475 коњски сили – но да бидеме реални, разликата е незначителна. Она што останува исто е безвременскиот дизајн, многуте ретро-кул детали и звукот од моќниот 5-литарски атмосферски V8 кој покрај веќе-споменатите 465 коњски сили испорачува и 530 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува (секако) кон задните тркала преку 6-степен мануелен менувач, а купувачите можат да изберат меѓу црна и зелена боја – ние би ја избрале зелената. Добивате и 19-инчни тркала, Brembo сопирачки и уште многу, многу други ситници. Во кабината ќе добиете 12-инчен панел со инструменти, многу уникатни детали и B&O Play аудио систем со вкупна моќност од 1000 вати.

Европските купувачи ќе ги добијат своите Bullitt возила во текот на оваа година. Во нашите очи – изгледа одлично!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.