Женева 2018: Toyota го претстави новиот Auris – ќе се нуди во две хибридни изведби а дизелите заминуваат во пензија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2018: Toyota го претстави новиот Auris – ќе се нуди во две хибридни изведби а дизелите заминуваат во пензија

Јапонскиот бренд го искористи Саемот на Автомобили во Женева да го претстави новиот Auris – а вниманието го привлекува новиот помоќен хибриден систем со 180 коњски сили!

Новиот Auris е поставен на TNGA платформата на Toyota која веќе се користи кај неколку модели – меѓу кои новиот Prius и несекојдневниот C-HR (прочитајте го нашиот тест). Новата платформа му дава на Auris подинамични возни својства поради зголемената цврстина и мултилинк задна оска – но уште поважно, му дава пристап до најновите хибридни технологии на јапонскиот бренд.

Должината на Auris е зголемена за 40 милиметри (и за истата таа должина е зголемено и меѓуоскиното растојание), а висината е намалена за 25 милиметри. Новиот Auris нам ни изгледа модерно и динамично – и всушност, можеме да кажеме дека Auris никогаш не изгледал волку привлечно. Важна вест е дека Toyota нема да понуди дизели во новиот Auris, туку ќе се концентрира на бензинците и хибридите.

Основен модел ќе биде 1.2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 116 коњски сили, но далеку поинтересни се хибридите. Да, хибридите – Toyota одлучи да понуди две различни хибридни изведби – едната веќе ја познаваме – таа користи 1.8-литарски мотор и испорачува 122 коњски сили (истата конфигурација како кај C-HR), а поновата изведба користи 2-литарски бензинец за вкупно 180 коњски сили – и токму со овој модел Toyota го привлекува вниманието на ентузијастите.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.