Женева 2018: Porsche најавува електричен кросовер со Mission E Cross Turismo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Женева 2018: Porsche најавува електричен кросовер со Mission E Cross Turismo

Концептот кој Porsche го претстави во Женева е базиран на првиот електричен модел на германскиот бренд кој треба да пристигне на пазарот следната година.

Претседателот на Porsche – Oliver Blume – го опишува новиот модел како автомобил кој „ќе ги спои дизајнот на Mission E со Panamera Sport Turismo и off-road детали.“ Дополнително, тој изјави дека „Mission E Sport Turismo е кандидат за сериско производсво кое набргу би требало да започне.“

Бидејќи ги користи истите технологии од Mission E, перформансите се подеднакво импресивни – 100 километри на час ќе се постигнуваат за само 3.5 секунди, а максималната брзина е 155 милји на час, односно 250 километри на час. Автономијата – според најавеното – е повеќе од 500 километри со едно полнење. Погонот на Mission E испорачува 600 коњски сили и 900 Nm вртежен момент.

Концептот е со погон на сите четири тркала, но погонот на предните тркала е само за да се подобри забрзувањето. За да се задржат динамичноста и спортските карактеристики на Mission E Cross Turismo, погонот е примарно наклонет кон задните тркала, а системот за дистрибуција на вртежниот момент може да ги контролира сите тркала засебно.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.