Со Concept M8 Gran Coupe, баварцие не само што го најавуваат новиот знаменосец, туку го откриваат и новиот дизајнерски јазик на брендот!
BMW Concept M8 Gran Coupe има тешка задача – треба да го претстави новиот лик на луксузот на BMW.
„Серијата 8 ќе биде новиот знаменосец на гамата на BMW, и поради тоа комбинира ненадминат спортски карактер со врвна елеганција“ – изјави Adrian van Hooydonk – „BMW Concept M8 Gran Coupe нуди приказ кон најегзотичната и најпривлечна варијанта од новата BMW Серија 8.“
Концептот е низок и широк, и доминира спортската агресивност. Динамичниот профил манифестиран преку доооолгиот поклопец на моторот, долгото меѓуоскино растојание, нискиот кров и краткиот заден дел ја истакнува купеовската форма, а мускулестите линии од далеку кажуваат дека се работи за спортски автомобил.
На задниот дел вниманието го привлекуваат тенките и широки задни светла, спортскиот заден браник со голем дифузер и завршетоците на издувниот систем. Како што кажува Domagoj Dukec, одговорниот за дизајн во BMW M и BMW i – „BMW Concept M8 Gran Coupe е замислен да ги размрда нештата, да поларизира. Со овој автомобил сакаме да допреме до луѓе кои бараат нешто навистина посебно и сакаат да се истакнат. Со овој автомобил, BMW M храбро го вади луксузот од неговата комфор-зона.“