Регулаторна: 98-октанскиот бензин поскапува половина денар, дизелот денар! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Регулаторна: 98-октанскиот бензин поскапува половина денар, дизелот денар!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва поскапуваат 98-октанскиот бензин и дизелот.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.20%.

Преведено во цени, тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 останува иста, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 65.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 0.5 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 67.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1 денар, и еден литар дизел гориво ќе чини 58 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.