Германскиот тјунер Techart претстави пакет за дотерување на изгледот и засилување на перформансите на Porsche Panamera Sport Turismo.
За разубавување на екстериерот, Techart нуди нов боди кит кој вклучува нови браници, странични прагови, додатоци за проширување на страничните крила, спојлери и отвори за вентилација. Исто така тука се и 22-инчни Formula IV фелни, пониска суспензија и издувни цевки од карбон фибер.
Во кабината, Германската тјунерска компанија го обвила речиси секој дел во специјална Nappa кожа со контрастни опшивки – панелите на вратите, централната конзола, инструмент таблата до подот и патосниците. Techart нуди и спортски волан, плафон од алкантара и детали обоени во боја на каросеријата.
За подобрување на перформансите тука е надградба на компјутерската единица и титаниумски спортски издувен систем. Овие елементи придонесуваат за зголемување на силата на 4.0-литарскиот V8 агрегат од 550 кс и 768 Nm вртежен момент на 640 кс и 900 Nm. Како резултат, забрзувањето од 0-100 км/ч сега трае 3.4 секунди наместо 3.8 секунди, додека бројката од 200 км/ч моделот може да ја достигне за дополнителни 8.3 секунди.
Засилениот Porsche Panamera Sport Turismo GrandGT ќе биде изложен на саемот во женева покрај исто така тјунирани 911 GT3, 911 R Cabriolet, 911 Turbo S и Macan.