Пред само неколку моменти, националното жири кое го одбира автомобилот кој ја носи титулата Автомобил на Годината во Македонија го соопшти овогодинешниот победник!
Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 23-ти пат го организира изборот. Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, националното жири во согласност со правилникот и критериумите на изборот, одреди десет финалисти кои годинава конкурираа за титулата.
Листа на финалисти ја сочинуваа
- Suzuki Swift
- Seat Ibiza
- BMW X3
- Ford Fiesta
- Opel Insignia
- Kia Stinger
- Nissan Micra
- Citroen C3 Aircross
- Kia Stonic
- Dacia Duster
Критериумите по кои се води жирото се следните:
- Адекватност и понуда на домашниот пазар
- Економичност и еколошка прифатливост
- Безбедност и примена на технолошки достигнувања
- Возни својства
- Дизајн
- Комфор и опременост
Во согласност со критериумите и гласовите од жирито, овогодинешен победник е Dacia Duster со три освоени гласа, и еден глас доби Ford Fiesta.
Признание „Томислав Билјарац“
Националното Жири за Избор на автомобил на годината во Македонија реши од оваа година да воведе и признание „Томислав Билјарац“ кое во иднина традиционално ќе се доделува во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија.
Наградата ќе се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија. Одлуката на Националното Жири за избор на автомобил на годината во Македонија е признанието „Томислав Билјарац“ да му биде доделена на Владо Воиновски од Еуроимпекс.
Им честитаме на победниците!