Името можеби малку збунува, но Mercedes-Benz конечно ја потврди четири-вратната изведба на AMG GT!
По навистина многу шпекулации, Mercedes-Benz конечно потврди дека во Женева ќе го претстави новиот спортски седан – кој ќе го носи името Mercedes-AMG GT Coupe.
Покрај потврдата за името и премиерата на новиот автомобил, Mercedes-Benz ни испрати и неколку фотографии од новиот седан. За жал, автомобилот е камуфлиран, но можеме да ги препознаеме барем најважните форми.
Познавачите кажуваат дека AMG GT Coupe ќе го земе местото на CLS 63 AMG во гамата на германскиот бренд. Тоа значи дека автомобилот ќе има супер-спортски перформанси, но и супер-луксузна кабина. AMG GT Coupe најверојатно ќе го користи истиот 4-литарски твин-турбо V8 кој се користи кај другите модели на брендот, но во оваа конфигурација ќе испорачува повеќе од 600 коњски сили, а се шпекулира и за можна хибридна изведба која би располагала со околу 800 коњски сили.