Во најновото видео за 718 Boxster GTS, луѓето од Porsche го разгледуваат ефектот кој спортскиот роудстер го има на вашите чевли!
718 Boxster GTS добива 365 коњски сили и 430 Nm вртежен момент од 2.5-литарскиот турбо-боксер. Одберете PDK менувач и ќе можете да забрзате „до стотка“ за само 4.3 секунди, но секако можете да добиете и мануелен менувач, со кој бенчмаркот се постигнува за само 4.6 секунди.
Но каков ефект има тоа врз вашите обувки? Погледнете.