Citroën најавува нов знаменосец со кој ќе ги замени C5 и C6 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroën најавува нов знаменосец со кој ќе ги замени C5 и C6

Францускиот бренд познат по посветеноста на комфорот најави дека подготвува нов знаменосец кој ќе ги замени C5 и C6 – и ќе пристигне на пазарот за две години.


Големиот C6 се пензионираше пред неколку години, а C5 е веќе навистина стар (втората генерација се продава од 2008), па Citroën одлучи да понуди нов голем седан со кој ќе ги замени токму двата модели.

Во интервју, претседателката на Citroën, Linda Jackson потврди дека ќе лансираат замена за C5 и C6 како во Европа, така и во Кина. Моделот ќе пристигне на крајот на оваа декада и ќе биде различен од своите претходници.

„Тоа што нема да биде, е нов C5“ – Jackson изјави за Autocar – „но ќе имаме нов голем седан, бидејќи таков автомобил е круцијален за било кој голем производител – да имате кредибилитет треба да имате гама на мали, средни и големи возила, како и SUV модели. Направете го тоа добро и ќе ги покриете побарувањата за бројки и профит за да успеете во флотна и приватна продажба.“

Според она што го знаеме, новиот седан на Citroën ќе биде инспириран од прекрасниот CXperience концепт кој францускиот бренд го претстави на средината на 2016. Ќе го карактеризира ниска и динамична силуета, а негова најважна одлика ќе биде токму комфорната суспензија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.