GM не исклучува можно враќање во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

GM не исклучува можно враќање во Европа

И покрај продажбата на Opel, Vauxhall и Saab, General Motors не ја исклучува можноста за амбициозно враќање на европскиот пазар.


По долгогодишни и релативно големи загуби, GM во текот на оваа година го продаде Opel. Претходно, во 2013 ја згаснаа европската продажба на Chevrolet (односно, она што порано го познававме како Daewoo), а Saab беше продаден уште во 2010-тата година.

Сепак, General Motors не се откажува од Европа – всушност, тие инсистират дека вратата кон Европа уште не е затворена. Во моментов GM нема свој бренд – иако некои модели на Cadillac се продаваат кај дури 45 дилери ширум стариот континент – примарно во Германија и Швајцарија, а се нудат и ограничени количини на Camaro и Corvette.

Според претседателот на GM – Mary Barra – враќање „на голема врата“ во Европа би можело да се случи во иднина. Во изјава за Detroit Automotive Press, Barra потврди дека GM „апсолутно би размислил за перманентно враќање во Европа“ и дека „ништо не ги спречува да се вратат.“ Сепак, според Barra, за посериозно враќање на GM во Европа би биле потрени „трансформативни продукти“ – како на пример автономни или електрични возила. Ова не е премногу далеку – како и сите други производители, GM работи на вакви возила и веќе има неколку модели на пазарот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.