Audi претстави спортски додатоци за новиот А8 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi претстави спортски додатоци за новиот А8

Пред официјалното деби на S8, Audi претстави спортски додатоци за својот знаменосец, кои би требало на A8 му дадат малку подинамичен лик.


Static photo, Colour: Daytona grey metallic

Sport пакетот ќе чини 1950 евра во Германија и ќе биде достапен за A8 50 TDI – и доаѓа со алуминиумски додаток за маската на ладилникот, изменети отвори за воздух со нова графика, пошироки странични прагови и дискретно редизајниран заден браник. Кабината добива ревидирани спортски седишта со „оптички-интегрирани наслони за главата“ со електрично нагодување, како и пневматско зајакнување од страните. Спортските седишта имаат до 15 милиметри подлабоко профилирање од вообичаените.

Audi A8 sport seat

Купувачите кои сакаат да ги добијат само седиштата со било која верзија на A8, ќе мораат да избројат околу 4500 евра.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.