VW се подготвува да ја претстави најновата генерација на моделот Jetta – премиерата е закажана за следниот месец во Детроит, а веќе се објавени неколку скици од новиот автомобил.
Според она што го најавуваат од Volkswagen, целосно-новиот седан ќе добие нов дизајн, но и нов ентериер кој со поквалитетни материјали и поспортски дух во однос на претходникот.
Новата Jetta ќе биде поставена на MQB платформата и ќе биде неколку сантиметри подолга од тековниот модел. Од скиците можеме да видиме дека ќе добие чист дизајн и изразени карактерни линии кои би требало да му дадат подинамичен лик на автомобилот. Можеме да видиме дека Jetta ќе го добие и дигиталниот панел со инструменти пред возачот, а со сигурност ќе ги добие и сите нови технологии кои VW веќе ги нуди во Golf.
Според најавеното, Jetta ќе пристигне на пазарот во втората половина од 2018. Основен мотор во САД ќе биде 1.4-литарскиот TSI со 150 коњски сили и 250 Nm вртежен момент, а европските купувачи ќе имаат многу повеќе избор.
Не е најавено, но сосем е извесно дека Jetta ќе добие и хибридна верзија, а не би не изненадило доколку понатаму биде понудена и електрична верзија, со оглед на растечката популарност на хибридните и електрични автомобили.