ПРЕМИЕРА: BMW конечно го претстави i8 Roadster – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW конечно го претстави i8 Roadster

По доооооолго најавување, баварскиот бренд конечно го претстави „отворениот“ BMW i8!

Како што и очекувавме, новиот i8 Roadster е придвижуван од истиот хибриден погон како кај i8 Coupe – но погонот кај обата модели сега е унапреден за да понуди повеќе моќност и подобри перформанси.

Комбинацијата вклучува 1.5-литарски турбо-бензинец со три цилиндри кој сега испорачува 231 коњска сила, а електромоторот испорачува дополнителни 143 коњски сили – за вкупна системска моќност од 374 коњски сили – доволни да го забрзаат хибридниот кабриолет до 100 километри на час за 4.4 секунди и до максимална брзина од 250 километри на час.

Батерискиот модул е надграден од 20 Ah На 34 Ah и од 7.1 kWh на 11.6 kWh – па хибридниот роудстер може да вози до 100 километри на час на електрична енергија. Автономијата на електрична енергија е 55 километри.

„Казната“ за роудстер изведбата доаѓа во форма на зголемена тежина за 60 килограми, и i8 Roadster тежи вкупно 1431 килограм. Платнениот кров се отвора или затвора за само 15 секунди, и тоа при брзини до 50 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.