Со отворањето на новиот салон во Штип, нашите пријатели од Киа Моторс Македонија ја најавуваат експанзијата на својата продажна мрежа и во други градови ширум Македонија.
„Денес во Штип ја започнуваме нашата експанзија.“ – со овие зборови претставниците од Киа Моторс Македонија го отворија новиот продажен салон кој се наоѓа во Штип, и ќе биде задолжен за претставување на KIA и нејзините модели во тој регион.
Салонот на KIA е дел од ПСС центарот во Штип и токму затоа е идеално позициониран да ги привлече купувачите. Во салонот ќе бидат изложени најновите и најинтересни модели на KIA – новите RIO и Stonic, како и секогаш-популарните Sportage и Ceed. Купувачите ќе имаат можност одблиску да ги погледнат автомобилите, како и да повозат некое од достапните тест-возила.
Експанзијата на Киа Моторс Македонија ќе продолжи и во други градови ширум државата. Веќе се најавени уште два салони – во Битола и Струмица – кои ќе бидат отворени во следните шест месеци и ќе бидат концепциски исти како отворениот во Штип. Им посакуваме многу успех и многу продадени автомобили!