Хечбекот со несекојдневна комбинација на врати наскоро ќе ја добие својата втора генерација – а меѓу другото се очекува и N-модел so 270 коњски сили!
Храбро-дизајнираниот Hyundai Veloster не се покажа како особено популарен на стариот континент, но луѓето од Hyundai не се откажуваат од замислата – па наскоро Veloster ќе ја добие својата втора генерација. По она што можеме да го видиме, Veloster ќе ја задржи специфичната конфигурација со асиметрични врати, но сега уште повеќе акцент е поставен на спортските каратеристики на компактниот хечбек.
Сега за сега не знаеме какви погонски единици ќе се нудат во Veloster, но сосем е извесно дека ќе го задржи 1.6-литарскиот турбо-бензинец со 200 коњски сили кој се нуди во Veloster Turbo, а врв на понудата ќе биде Veloster N кој би требало да го користи истиот 2-литарски турбо-бензинец од i30 N – кој развива одлични 270 коњски сили. Според плановите, новиот Veloster би требало да го видиме на саемот на автомобили во Детроит следната година, а кон крајот на 2018 ќе дебитира и N-изведбата.