Mitsubishi Motors објави дека новиот купе-кросовер освои одлични 5 ѕвездички на EuroNCAP тестовите за безбедност.
Во објавата, Mitsubishi го нарекува Eclipse Cross SUV Coupe и ги истакнува безбедносните системи на новиот модел. Eclipse Cross освои 97% за заштита на возрасни патници и максимални поени во неколку од тестирањата кои ги извршува EuroNCAP.
Eclipse Cross е првиот од новата генерација автомобили на Mitsubishi. Јапонскиот производител најави амбициозни планови за иднината, а Eclipse Cross го карактеризира идниот дизајнерски пристап на брендот – ги комбинира остриот дизајн и теренската експертиза на Mitsubishi со различните SUV и 4WD модели.
Веќе се започнати испораките на Mitsubishi Eclipse Cross низ Европа. Новиот модел ќе се нуди на дури 80 пазари ширум светот, а ние наскоро го очекуваме и кај нас.