Hyundai официјално го претстави екстремно-економичниот HyperEconiq Ioniq! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai официјално го претстави екстремно-економичниот HyperEconiq Ioniq!

Hyundai го најави екстремно-економичниот Ioniq пред неколку недели, а сега и официјално го претстави HyperEconiq Ioniq кој троши само 2.8 лири бензин на 100 километри!

Иако на прв поглед ќе ви изгледа како овој концепт да е наменет за тркачките патеки – сепак приказната е различна. Сите направени модификации се во насока на намалување на потрошувачката – од аеродинамичниот бодикит, до супер-лесните тркала и сите други додатоци.

Прва, и најзабележителна модификација е Dream Aero бодикитот од Bisimoto Engineering – тој вклучува преден сплитер, странични прагови, покривки на задните тркала и оптимизиран заден спојлер. Понатаму, Ioniq добива и нагодлива суспензија од Progress Performance која го спушта автомобилот и го прави дополнително поаеродинамичен.

Вградени се и лесни, 19-инчни карбонски тркала со лесни навртки и пневматици со мал отпор на вртење. За сопирање се задолжени алуминиумски (односно, лесни) шепи од Buddy Club. Моторот е оптимизиран благодарение на NGK свеќички, масло со низок коефициент на триење, напредни e-генератори и уште некои измени. Кабината добива Recaro Pole Position седишта и Racepak OBD-мониторинг систем кој ги прикажува сите релевантни податоци околу автомобилот.

 

Сето ова резултира со импресивно-ниска потрошувачка на хибридот – само 2.8 литри бензин на 100 изминати километри!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.