Пристигна и „отворениот“ Aston Martin DB11 Volante! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна и „отворениот“ Aston Martin DB11 Volante!

Отворениот DB11 Volante ќе биде третата варијанта во DB11 семејството – по верзиите со V12 и V8 мотори.

DB 11 Volante ќе доаѓа со преклоплив мек кров, на кој му се потребни 14 секунди да се отвори, односно 16 секунди да се затвори, и тоа при брзини до 50 километри на час. Интересно е што Aston Martin одлучи да го претстави DB11 Volante со V8 твин-турбо бензинецот со потекло од AMG, наместо со поголемиот V12.

Сепак, 4-литарскиот V8 воопшто не е за потценување – испорачува 510 коњски сили и 695 Nm вртежен момент. Во соработка со 8-брзинскиот автоматски менувач  се очекува да го лансира DB11 Volante до 100 километри на час за нешто над 4 секунди и да може да постигне скоро 300 километри на час.

Според Aston Martin кровниот механизам би требало да биде доверлив и долготраен. Користи неколку слоеви квалитетен материјал за да понуди соодветна звучна изолација и е тестиран во екстремни временски услови. Истовремено, системот за отворање и затворање е проверен преку 100.000 пати. DB11 Volante ја користи истата алуминиумска платформа како и верзијата со тврд покрив, па благодарение на тоа е поцврст од својот претходник, а истовремено нуди 20% повеќе багажен простор.

 

Испораките се очекуваат да започнат во првата четвртина од следаната година, а во Германија цените ќе започнуваат од 199.000 евра.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.