Откако стана член на Renault/Nissan Алијансата, Mitsubishi е на пат за целосно трансформирање – а со новиот тригодишен Drive For Growth план најавува дури 11 нови или редизајнирани модели!
Со претставување на новиот Drive For Growth план, јапонскиот производител најавува дека ќе лансира неколку нови модели и ќе ги зголеми инвестициите во истражување и развој.
Стратешкиот план има за цел да ги зголеми продажбата и приходите за дури 30 проценти. Ако тоа му успее, Mitsubishi годишно ќе продава дури 1.3 милион возила до 2020, и ќе има годишен приход од 2.5 трилиони јени, односно 22.1 милијарди долари.
Според планот, Mitsubishi ќе инвестира 600 милијарди јени (5.3 милијарди долари) во капитални трошоци, како и истражување и развој. Интересно е што и покрај големите инвестиции, Mitsubishi најавува дека ќе „одржи финансиска дисциплина и ќе генерира позитивен тек на финансиите за време на овој период.“
Што значи сето тоа? Според најавеното, глобално ќе бидат лансирани 11 нови или редизајнирани модели. Ова ги вклучува и Eclipse Cross како и Xpander. Шест од овие 11 возила ќе бидат целосно нови и Mitsubishi планира да претставува по две нови возила годишно следните три години. Најавија дека ќе лансираат електричен kei-car до 2020, а до крајот на планот очекуваат дека „петте најдобро глобално-продавани модели ќе претставуваат 70% од вкупната продажба на брендот.“
Покрај воведувањето на ноби модели, Mitsubishi најави дека ќе го зголеми присуството во Кина, Јапонија и Соединетите Американски држави. Во Америка ќе ја подобрат мрежата на дилери со цел да ја зголемат продажбата на 130.000 возила годишно до крајот на 2019.
За сериозноста на планот на Mitsubishi зборува и претседателот на Mitsubishi Motors – Osamu Masako – „Најважната цел ни е повторно да ја изградиме довербата во нашата компанија, а понатаму успешно да лансираме нови возила и да постигнеме финансиско опоравување. Ова ќе бидат основите на нашиот оддржлив раст, кој пак ќе вклучува зголемени капитални инвестиции и трошење во насока на развој на нови продукти.“
Сето ова звучи одлично – се надеваме дека наскоро ќе видиме зголемена активност кај јапонскиот производител, и дека можеби ќе вратат на пазарот некој спортски модел, како што беше Mitsubishi Lancer Evolution!