LG ќе ја прави најголемата европска фабрика за батерии за електрични возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

LG ќе ја прави најголемата европска фабрика за батерии за електрични возила

Јужнокорејскиот гигант LG Chem ќе ја прави најголемата европска фабрика за литиум-јонски батерии во Полска следната година.

Чекорот на LG го следи трендот на автомобилската индустрија и одлуката на производителите да го зголемат производството на електрични возила. Намалувањето на цените на батериите ги мотивира производителите да ги прифатат и да ги произведуваат електричните возила.

Сега за сега најголем дел од батериите кои се користат во европските електрични возила доаѓаат од Кина или Јужна Кореја, па логичен е чекорот на LG да започне да произведува батерии на стариот континент. Според најавите, LG Chem планира да инвестира 1.63 милијарди долари во погонот кој ќе биде изграден близу до Вроцлав.

Амбициите на LG се да прозведат до 100.000 батерии наменети за електрични возила годишно. Фабриката ќе вработи 2500 работници, меѓу кои и експерти за автоматизација, електроника, хемија и IT. Планот е во прво време материјалите да бидат увезени од Кореја, за понатаму да бидат набавувани од локални добавувачи.

Просечната цена на батериите е значително намалена во изминатите неколку години – во 2010-тата година цената беше околу 1000 долари по kWh, додека во 2016 цената беше 227 долари по kWh. Во 2016, само 0.2 проценти од сите продадени возила во Европа биле електрични.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.