Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи да ги намали цените на горивата.
Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.42%.
Од вечерва на полноќ за половина денар се намалуваат цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ, и еден литар од овие горива ќе чини 63 односно 51 денар.
Цената на ЕУРОСУПЕР-98 останува непроменета, и еден литар од ова гориво ќе чини 65 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.