ОФИЦИЈАЛНО: Mercedes-AMG конечно го претстави монструозниот Project One – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ОФИЦИЈАЛНО: Mercedes-AMG конечно го претстави монструозниот Project One

Конечно, пред стартот на Франкфуртското Ауто Шоу, Mercedes-AMG го претстави својот хипер-автомобил кој се вика Project One и може да постигне 200 километри на час за помалку од 6 секунди и достигнува повеќе од 350 километри на час.

Според Dieter Zetsche од Mercedes, Project One ги прави сите други лимити на перформансите кои постоеле во Mercedes-Benz и Mercedes-AMG да изгледаат мали. Новиот хипер-автомобил располага со повеќе 1000 коњски сили, постигнува повеќе од 350 килоемтри на час и може да помине до 25 километри на електричен погон.

На првите официјални фотографии, конечно можеме да го видиме Mercedes-AMG Project One во целосна светлина. Широкиот и низок автомобил наметнува нови стандарди за аеродинамичност, а погонот е ремек дело на F1 технологија и врвните хибридни погони кои постојат. 1.6-литарскиот турбо-полнет мотор влече потекло директно од F1 болидите на Mercedes-Benz и „се врти“ до 11.000 вртежи во минута. Моторот има електричен турбополнач и постигнува термичка ефикасност повисока од 40%. Дополнителен електромотор нуди хибридна функционалност и само кон задните тркала се испорачуваат повеќе од 670 коњски сили.

Дополнително, уште два електромотори ги придвижуваат предните тркала. Секој од овие мотор има по 161 коњска сила и вртат до импресивни 50.000 вртежи во минута. Електричната енергија се складира во литиум-јонски батерии, и дури 80% од енергијата ослободена при сопирање може да се складира во батерискиот модул. Сето ова резултира со импресивни бројки – повеќе од 1000 коњски сили вкупна системска моќност, забрзувањето од 0 до 200 километри на час трае помалку од 6 секунди, а максималната брзина е „повисока од 350 километри на час.“

 

Поврзано:  Мак Аутостар ја зголемува понудата со подолгиот Citan Tourer Long


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.