Британскиот огранок на BMW веќе најави дека ќе претстави целосно-електричен автомобил во 2019, а овој концепт е најава токму за тоа!
Концептот – кој се вика едноставно Electric – ќе дебитира на Саемот за Автомобили во Франкфурт. Наменет за оние кои живеат во урбаните средини, новиот концепт на MINI „нуди поглед во како електричната мобилност би можела да изгледа во годините кои доаѓаат.“
Автомобилот – иако е концепт – наликува блиску до сериско производство. Веднаш се забележуваат деталите од тековните модели на брендот, но сето тоа е изведено за да му прилега на електричен автомобил. На предниот дел доминира големата предна маска, а лево и десно од неа има „симулирани отвори за воздух.“ Нам омилен детал ни се задните светлосни групи во кои не-баш-најдискретно-на-светот е интегрирано британското знаме.
Сега за сега, MINI не објавува детали околу погонот на Electric, но кажуваат дека концептот е „придвижуван од моќен мотор“ а автомобилот реагира подготвено и нуди возење како во картинг-возило.