Singer Vehicle Design изложи два прекрасни примероци од своите автомобили на овогодишниот Quail Motorsport собир, на кои има посветено внимание и на најситните детали.
Првиот од нив е темно сив Targa модел со контрастни црвени фелни и црвен покрив, украсен со Porsche назнаки на вратите. Централно поставениот издувен систем, проекторските предни светла и широките задни пневматици се заштитен знак на брендот Singer и исто така можат да се видат на овој примерок.
Другиот модел е неверојатно привлечен 991 Coupe со подеднакво импресивен портокалов ентериер и портокалови фелни. Придвижуван е од 4.0-литарски шест-цилиндарски боксер усогласен со шест-степен мануелен менувач, кој ја испорачува силата кон задните тркала.
Делата на Singer се секогаш изработени перфектно и го заслужуваат вниманието кое го добиваат. Посветеноста на реставрирањето на нивните модели е навистина неверојатна и ја освојува почитта на секој автомобилски ентузијаст.