Maserati го освежи Ghibli – му додаде ново име и автономни технологии – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Maserati го освежи Ghibli – му додаде ново име и автономни технологии

Италијанскиот производител го освежи својот најпродаван модел и најави дека Ghibli „влегува во светот на автономното возење.“


Фејслифтираното Ghibli ќе дебитира на Chengdu Motor Show на 25ти Август. Сега Ghibli ја додава и ознаката GranLusso, а со новото име добива и нов преден браник, изменета маска на ладилникот и нови хромирани детали. Освежениот Ghibli GranLusso добива и нови странични прагови, нов заден браник со нов дифузер, како и GranLusso ознаки на страничните крила.

Според Maserati, измените значително придонесуваат кон подобрување на аеродинамиката. Новитет се и LED предните светла кои нудат подобро осветлување на патот. Дополнително, од Maserati кажуваат дека GranLusso ќе се нуди со цела лепеза на системи за асистенција, и иако не кажуваат точни детали, кажуваат дека Ghibli GranLusso ќе „влезе во светот на автономното возење.“

Ние веќе добро го познаваме Ghibli – сме го возеле како во дизелска, така и во врвната Ghibli S Q4 изведба.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.