Новото видео на налудничавиот Ken Block и неговата екстремна Ford Fiesta ST RX43 е снимано во Јута и ги прикажува теренските способности како на возачот, така и на неговото возило!
Некои од „финтите“ кои Ken Block ги изведува со неговата Ford Fiesta ST RX43 како да се косат со законите на физиката. Но сепак – тука зборуваме за автомобил кој има 600 коњски сили, 650 Nm вртежен момент, погон на сите четири тркала и забрзува до 100 километри на час за помалку од две секунди. Сето тоа изгледа вака: