Porsche го тестираше новиот Cayenne во екстремни услови! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche го тестираше новиот Cayenne во екстремни услови!

Германскиот производител се подготвува да го претстави новиот Cayenne, па пред премиерата ни го демонстрира начинот на кој е тестиран новиот голем премиум SUV!


Porsche го тестираше новиот Cayenne во секакви услови – од врелиот песок на Дубаи, преку прашливите патишта во Долината на Смртта во САД, па сè до екстремно-ниските температури на Алјаска.

Според Porsche, тест-возилата имаат поминато вкупно 4.4 милиони километри од 2014 па досега. Тие километри се поминати во секакви услови – во нормален сообраќај во градски средини,  надвор од асфалтот, но и на тркачките патеки во Nurburgring, Hockenheimring и Nardo.

„Третата генерација на Cayenne мораше да издржи тргни-застани сообраќај и жешки и влажни услови во кинеските градови, да ги покори тест-патеките во Шведска, Финска и Шпанија, и беше транспортирана до Јужна Африка, Јапонија и Нов Зеланд каде помина низ екстензивно оф-роуд тестирање“ – кажуваат од Porsche.

Премиерата е закажана за 29ти Авуст, а саемската промоција ќе се случи на Саемот на Автомобили во Франкфурт. Бидејќи се работи за Porsche, можеме да очекуваме еволутивен пристап кон дизајнот, како и неколку различни погонски единици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.