Големото луксузно купе на Bentley и неговата кабриолет изведба наскоро ќе одат во пензија, па Mulliner дивизијата подготви лимитирана серија која би требало да биде вистинска копнена луксузна јахта!
Mulliner – дивизијата на Bentley задолжена за персонализација на автомобилите – ја направи најдобрата врска меѓу луксузните автомобили и луксузните јахти со новата Galene Edition серија на Continental GT Convertible. Големиот кабриолет влече инспирација од големите и луксузни јахти, а името доаѓа од името на грчката божица на мирните мориња.
Continental GT Convertible Galene Edition добива Glacier White бел екстериер со карактерна линија во Sequin Blue сина боја и темно-син кров. Големиот кабриолет е поставен на 21-инчни полирани Propeller тркала, а во кабината добива кожа во неколку нијанси, како и детали во ентериерот обоени во истата Glacier White бела боја. Илустраторот Jaume Vilardell рачно црта супер-јахта на конзолата, а специјални материјали се ексклузивни токму за овој модел.
Големиот и луксузен кабриолет е придвижуван до 4-литарскиот би-турбо V8 на Bentley (не сме сигурни зошто не го ставиле монументалниот W12) кој испорачува 500 коњски сили и 660 Nm вртежен момент. Повеќе од доволно за комфорно крстосување по светските патишта.