Maserati ги освежи GranTurismo и GranCabrio со поатрактивен дизајн – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Maserati ги освежи GranTurismo и GranCabrio со поатрактивен дизајн

Maserati го продолжи животниот век на актуелниот GranTurismo со освежување на сегашната генерација.

Спортското купе сега доаѓа со заострен редизајн на екстериерот, кој вклучува нови браници и изменета предна решетка. Ентериерот добива позначајно освежување, кое содржи модерен 8.4-инчен мултимефијален систем со Android Auto и Apple CarPlay, редизајнирана централна конзола и одлични Poltrona Frau кожни седишта.

Силата продолжува да извира од природно аспирираниот 4.7-литарски V8 агрегат кој е рачно произведен од Ferrari и испорачува 460 кс и 520 Nm вртежен момент. Усогласен е со шест-степена автоматска трансмисија која му овозможува да забрза од 0-100 км/ч за 4.8-секунди пред да ја достигне максималната брзина од 299 км/ч.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.